Вкупно 25.998 жители на Општина Липково утре ќе имаат право на глас на седмите претседателски избори во Македонија.
Loading...
На вкупно 36 избирачки места утре ќе се спроведе првиот круг од претседателските избори, информираше Ајше Демири, од Општинска изборна комисија Липково.
Денеска во Липково право на глас имаат 269 болни и немоќни лица.
Инаку, најголемо избирачко место во Липково е 1126, односно во основното училиште во село Слупчане, со 1.137 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1123 каде гласаат 70 гласачи и истото се наоѓа во село Стрима.
Никола Ивановски