Во Куманово ќе се спроведе петтиот третман против комарци

Сподели со своите пријатели

Во Куманово на 31 август (понеделник) ќе се спроведе петтиот третман на терестичка дезинсекција против возрасната форма на комарци, информираат од Општина Куманово.

Третманот ќе започне на полноќ, односно во 00:00 часот, и ќе се одвива во текот на ноќта и во раните утрински часови.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени повеќе подрачја во градот и околината. Третманот ќе се спроведува по течението на реката Кумановка, од Кумановска Бања, преку село Проевце и местото Бејтови ниви, како и по должината на кејот на реката и на површините под бавчи од спротивната страна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил, сува трева, стрништа и ниска шума гореа во неколку кумановски села

Ќе бидат опфатени и површините долж булеварот „Октомвриска револуција“, просторот околу Градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, како и подрачјето покрај реката во реонот на ООУ „Толи Зордумис“.

Дезинсекцијата ќе се врши и во Диво Насеље, по течението на реката во село Романовце, кај Градските гробишта и во населбата Зелен Рид.

Третманот ќе продолжи долж булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и улицата „11 Октомври“, со посебен акцент на просторот околу ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Во планот се опфатени и централното градско подрачје, течението на реката Серава, населбата Перо Чичо, како и други локации низ Куманово.

За спроведување на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се заменува оштетената сливна решетка на „Народна Револуција“ (ФОТО)

Од Општината посочуваат дека, доколку временските услови не дозволат реализација на третманот, активностите ќе бидат одложени за првиот нареден ден кога условите ќе бидат соодветни.

Третманот е насочен кон намалување на бројот на возрасни комарци на подрачјата опфатени со дезинсекцијата.

Никола Ивановски