Неколку локации во Куманово, Старо Нагоричане и Липково денеска привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Електродистрибуција, во период од 08:00 до 15:00 часот без струја денеска ќе остане селото Стрезовце во општината Старо Нагоричане.
На територијата на Куманово денеска во период од 09:00 до 14:45 часот прекини ќе има на улицата „11 Ноември“ и улицата „Трајко Додевски Јовановски“.
Во период од 09:00 до 10:15 часот прекини денеска ќе има во липковските села Ваксинце и Лојане.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

