Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 35 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максимумот ќ се искачи до 35 степени целзиусови.

Претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди, ќе имаме во сабота.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 18 до максимални 34 степени целзиусови.

Недела носи сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западне и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната температура во текот на денот ќе се искачи до 34 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во претстојната работна недела.
Никола Ивановски

