Екипите на ЈП „Водовод“ – Куманово продолжуваат со санација на критични точки од градската инфраструктура, по успешно завршената интервенција кај мостот на улицата „Доне Божинов“.

Како што соопшти градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во тек е целосна замена на стариот и оштетен бетонско-армиран објект за сливни решетки на улицата „Народна Револуција“, пред маркетот „Стокомак“.

Работите опфаќаат отстранување на постојниот објект, ископ на теренот и монтажа на нов, претходно изработен армирано-бетонски објект за сливните решетки.

Интервенцијата е насочена кон подобрување на одведувањето на атмосферските води и намалување на ризикот од проблеми при обилни врнежи, а од јавното претпријатие најавуваат продолжување на санациите и на други критични точки во градот.

Никола Ивановски

