Светскиот ден на литературата за деца утре ќе се одбележи во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со почеток во 13:30 часот со настанот „Разговори со Горјан Петревски“.
Присутните ќе имаат можност преку разговор со авторот да се запознаат со неговото творештво и воопшто да се истакне важноста и потребата од литература за деца.
– Литературата за деца е предизвик за секој автор бидејќи понатака таа овозможува формирање на еден сериозен „читател“, кој ќе ги изразува своите ставови, мислења па дури и самиот ќе твори. Потребата да се оформи идниот читател, да се развие креативноста и имагинацијата, да се негуваат и пренесуваат вредностите е од особено значење. Интерактивниот дијалог помеѓу авторот и присутните, писмата, белешките кои авторот ги поседува и кои се дел од неговите книги ќе бидат достапни на присутните се цел да се истакне процесот на творење, стои во соопштението на НУЦК Центар за култура „Трајко Прокопиев“.
Горјан Перевски е автор чии книги се вистинско непроценливо богатство.
На настанот се предвидуваат различни активности (читање, цртање и раскажување) во зависност од настанатата состојба и желба на присутните.
Проектот е подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.