Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк и во канцелариите на светската организација ширум светот, знамињата во понеделникот беа спуштени на половина копје во чест на 101 член на персоналот на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) убиени во Газа.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и други истакнати претставници на светската организација присуствуваа со едноминутно молчење во чест на загинатите, пренесува АП.
Директорот на УНРВА Томас Вајт изјави дека сите операции на организацијата во Газа ќе бидат прекинати во следните 48 часа доколку Израел не дозволи испорака на гориво во Газа.
Израел дозволи испорака на медицинска опрема и храна од Египет во Газа, но не и гориво, со образложение дека таа може да заврши во рацете на палестинската организација Хамас.