Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчеравечер за издржување затворска казна поради тешка кражба.
– На 08.10.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(29) од село Горно Којнаре, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни рабти.
Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
– Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, стои во соопштението.
Никола Ивановски

