МКК Куманово утре го пречекува ГКК Штип

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го играат првиот меч на домашен терен во Суперлигата, а за противник го имаат дебитантот Штип.

Избраниците на Марин Докузовски имаа тежок старт на сезоната, откако забележаа двоен пораз од МЗТ и во Суперкупот и во првата средба од првенството.

Сега ќе атакуваат на победа, но и годинешниот дебитант во првенството влегува со големи амбиции, па несомнено публиката ќе има можност да ужива во квалитетен меч.

Средбата стартува утре од 18 часот во Спортската сала Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово денеска против Еурофарм Пелистер