Ракометарите на Куманово денеска против Еурофарм Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово денеска на гостински терен ќе ги одмерат силите со Еурофарм Пелистер од Битола во рамки на 6. коло од Суперлигата.

Избраниците на тренерот Александар Радосављевиќ се пред голем предизвик, со оглед дека станува збор за исклучително силен противник.

– Пред нас е тежок и квалитетен натпревар против силен противник, но нашиот тим во секој меч влегува со јасна цел – борба до последната секунда, максимална енергија и желба за позитивен резултат, велат од клубот.

Од досега одиграните натпревари, кумановци се уште немаат впишано победа.

Денешниот меч започнува во 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна третата сезона на Лигата за детска атлетика во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски