Во два оделни случаи во кумановско во текот на вчерашниот ден откриени биле девет мигранти со нелегален престој во Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено во првиот случај околу 18.45 часот во селото Ваксинце, од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на М.Н. од с.Лојане, при што бил пронајден албански државјанин Ф.С. (26), а со него биле и четворица мигранти од Сирија, Египет и Алжир.
Вториот случај се случил неколку часа подоцна, односно во 22.50 часот, во близина на рампа Романовце, при редовна сообраќајна контрола, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „БМВ“ управувано од С.З. (50) од Р.Србија. При преглед во возилото биле пронајдени пет мигранти од Пакистан.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаи.