Во четврток се отвара изложба на Христо Петрески

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов “Сликајќи го џезот“ од авторот Христо Петрески.

Loading...

 Проф.д-р Христо Петрески е роден на 4 февруари 1957 година, во Крушево. Магистрирал културологија во книжевноста на Институтот за македонска литература при Универзитетот “Кирил и Методиј“- Скопје, на тема “Хаику поезијата – меѓу елитното и масовното”.  Докторирал на тема “Авторска бајка – компаративна анализа”.  Директор е на Институтот за сценски уметности на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје.

 Автор е на повеќе од 50 книги.

Добитниик е на наградите: “Ацо Шопов”, “Крсте Петков Мисирков”, “Васил Куноски”, “Ванчо Николески”, “Крсте Чачански”, “Рациново признание”, “Иво Андриќ”, “Јован Котески”, “Вермилион”, “Гоцевата повелба”, “Гогољ”, “Гран при”, “Книжевно перо”, “Современост”, “Ерго Сум”, “Македон”, “Урбан”, “Поетска муза”, “Ѕвезден Македониум”, “Феникс”, “Наим Фрашери” и други награди и признанија.

Инаку, Христо Петрески е новинар и писател. Бил новинар и уредник во Редакциите на: “Студентски збор”, “Млад борец”, Радио Скопје и “Нова Македонија”.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 2 јули 2015 год.