Претставата „Аудиенција“, работена според текстот на Вацлав Хавел, во четврток од 20 часот повторно ќе се најде репертоарот на кумановскиот театар.
Под режисерката палка на Мирослав Петковиќ, играат Горан Илиќ и Чедомир Митевски.
За сите заинтересирани, цената на билетот е 100 денари и може да се набави на билетарницата на Театар Куманово, која работи од 10 до 14 часот и од 17 до 20 часот.
За сите студенти кои со себе ќе понесат студентска идентификација, влезот ќе биде слободен.