Во близина на брегот на Манила, мазут истекува од потонат танкер

Сподели со своите пријатели

Дел од товарот од 1,4 милиони литри индустриски мазут што го носи потонатиот танкер почна да истекува во заливот Манила, соопшти денеска филипинската крајбрежна стража.

Loading...

Нуркачите кои го прегледале трупот на бродот забележале „минимално истекување“ на вентилите, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека ситуацијата засега „не е алармантна“.

Крајбрежната стража претходно соопшти дека ќе се обиде да избегне „еколошка катастрофа“ со враќање на мазутот што го носеше танкерот потонат на длабочина од околу 34 метри и недалеку од брегот на Манила што е можно поскоро.

Според властите, земањето мазут од бродот би можело да потрае седум дена.

Танкерот „MT Terra Nova“ под филипинско знаме потона во четвртокот наутро поради невреме. Еден член од екипажот на бродот загинал.