Пред зградата на Амбасада на Македонија во Белград денеска во организација на српскиот собор “Заветници” e организирано палење на свеќи и оддавање на почит кон убиените полицајци во Куманово.
Во знак на солидарност со страшната трагедија која се случи во Куманово, се собравме пред Амабасадата на Македонија, за да запалиме свеќи за осумте полицајци кои загинаа во терористичкиот напад.
Врачивме писмо со поддршка во кое посебно изразивме дека на српскиот народ ваквите сценарија му се добро познати. Ние сме уверени дека зад нападот на Куманово, колку и негови актери да имаат цел за создавање на Голема Албанија, всушност стои намерата да се дестабилизира Македонија и да се оневозможи реализација на “Турски тек” и понатамошна соработка со Русија – вели за српските медиуми, портпаролот на ”Заветници”, Милица Ѓурѓевиќ.
Таа вели дека Србите и Македонците припаѓаат на исто национално и духовно битие, заеднички корени, историја, и традиција.
Заради тоа, денеска е и наша грижа во борба против теротистите и окупацијата на нашите територии, заедничка и солидарна – вели таа.