Дали лилјаците се опасни за човештвото? Овој цицач е домаќин на коронавирусот и еболата!

Сподели со своите пријатели

Епидемијата на коронавирус се шири со неверојатна брзина.

Loading...

Додека епидемиолозите предупредуваат дека нема причина за паника и страв, научниците се обидуваат да ја разоткријат тајната од каде потекнува оваа мистериозна болест кај луѓето.

Епицентарот на заразата е во Вухан, град во централна Кина каде жителите често уживаат во егзотични оброци.

Така, се претпоставува дека пациентот „нулта“ уживал во оброкот од лилјак и со тоа „собрал“ опасен вирус.

фото: pexels

После епидемијата, градските власти веднаш ги затворија локалните пазари и тезги кои продаваат диви животини.

Дека лилјаците можат да претставуваат сериозна закана за луѓето, открива професорот Питер Дазак, претседател на Еко здравствена алијанса, кој поминал 15 години од својата кариера во Кина.

Loading...

Зошто лилјаците спијат наопаку?

– Лилјак може да носи многу вируси без да се разболи. Тие се природни носители на вирусот марбург, нпафи хендра вирусот, кои предизвикуваат човечки болести и се широко распространети во Африка, Малезија, Бангладеш и Австралија.

Исто така, тие се природни носители на вирусот ебола – изјави Дашак за Њујорк Тајмс.

https://kumanovskimuabeti.mk/koronavirusot-del-od-kineskiot-hemiski-arsenal-teorii-na-zagovor-za-bolesta-koja-shiri-strav-niz-svetot/

Поради нивните својства, лилјаците се вистинска мистерија за науката, бидејќи сè уште не се знае како овие цицачи можат да живеат со вируси без да се разболат.

Иако тие се многу корисни за растенијата и ги штитат земјоделските култури од големи количини на инсекти, кога се во контакт со луѓето тие можат да бидат многу опасни.

Исхраната и трговијата со овие цицачи се особено опасни.

Во студијата спроведена од кинески научници во 2018 година, откриено е дека лилјаците се отпорни на вируси бидејќи го изгубиле генот одговорен за реакцијата кога телото е нападнато, пренесува Њујорк Тајмс.

Loading...
Image by Bianca Mentil from Pixabay

Во исто време, д-р Дазак и кинески научници веруваат дека лилјаците можат да бидат многу опасни за човештвото, со оглед дека се распространети низ целиот свет и дека во многу култури постои традиција да се користат овие животни во кулинарски цели.

Затоа истражувачите предупредуваат, дека е многу важно да се едуцираат овие луѓе да избегнуваат да ги користат овие цицачи во нивната исхрана, бидејќи тие можат да го загрозат целото човештво.

Исто така, опасноста од лилјаци постои затоа што овие животни се високо ценети на пазарот, а заради големата побарувачка, тие често се тргуваат низ целиот свет.

Она што е особено интересно за научниците во овие студии е како цицачот може да биде отпорен на толку многу вируси.

Понатамошното испитување на лилјаците може да обезбеди корисен увид во тоа како да се заштитат луѓето од болести и ширење на инфекции и, можеби, да бидат отпорни на вируси.

Leave a Reply