Владата до Собранието на Република Македонија доставила предлог одлука за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот на постоење кризна состојба поради зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата со која кризната состојба би траела до 31 декември 2016-та година.
Согласно горенаведното, со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, како и врз основа на Извештајот за направена процена и сеопфатна анализа со образложение за продолжување на времетраењето на кризната состојба и Извештајот за изработена Анализа на ризик од илегална миграција, Владата на Република Македонија заклучи да побара од Собранието на Република Македонија да ја донесе Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и да го одобри продолжувањето на рокот за справување со кризната состојба, во времетраење до 31 декември 2016 година – се вели во образложението.
Инаку минатата година поради големиот бран бегалци и мигранти кои транзитираа низ Република Македонија, а чија бројка обично се движеше и над 5.000 дневно, беше донесена одлука кризната состојба на границите да трае до 15-ти јуни, но поради бранот кој се уште се очекува да трае најверојатно рокот ќе биде пролонгиран