Владата одлучи: Нов шеф на УБК е Љупчо Андоновски

Сподели со своите пријатели

Љупчо Андоновски е именуван за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, на местото на Сашо Мијалков кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата, јавува Макфакс.

Loading...

Одлуката кој ќе го замени Мијалоков беше донесена на денешната владина седница на која истовремено за нов директор на Бирото за јавна безбедност, министрите го назначија Горанче Савевски.

Савевски на оваа функција доаѓа на местото на Митко Чавков, кој беше избран за нов министер за внатрешни работи, откако претходната министерка Гордана Јанкулоска поднесе oставка.

Андоновски е досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје, додека Савевски бил началник на Централните полициски служби.

Горанче Савевски и Љупчо Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи, се вели во владиното соопштение.


Leave a Reply