ВИСТИНСКИОТ РОБИНЗОН: Пред 29 години заминал на пуст остров, но властите го враќаат во градот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден Јапонец, кој избегал од цивилизација на пуст остров, приморан е да се врати во град откако властите не му ја исполниле желбата да ја дочека смртта на местото кое 29 години го нарекувал дом.

Масафуми Нагасаки бил единствен жител на Сотобанари островот на кој живеел од 1989. година. Станал познат како „голиот пустински човек“ откако го открил еден од патниците, Алваро Церезо, кој пишвал за бродоломите, пренесува Дејли мејл.

Мултимилионер го напуштил луксузот и започнал живот на пуст остров (видео)

Loading...

Тој неодамна е иселен од островот откако некој рекол дека изгледа „слабо“. Полицијата го сместила во владина куќа во градот Ишигаки во Јапонија.

Церезо додал дека Нагасаки е здрав и дека „веројатно имал грип кога го пронашле“. Тој истакнал дека „неговиот живот на островот е завршен“ затоа што не му е дозволено да се врати.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Жените ми завидуваат, мажите се плашат од мене. Изгледам предобро и затоа сум сингл веќе шест години“

 

Приказната за Нагасаки прв пат се појавила во јавноста во 2012. година.

Тој избегнувал контакт со заедницата во раните деведесети години за да основа база на малиот остров Сотобанари каде нема пивка вода.

Изолираното место, кое е широко само еден километар, се наоѓа во јапонската тропска префектура Окинава и поблизу е до Тајван, отколку до Токио.

Струит екои го опкружуваат островот во форма на бубрег се толку опасно што локалните рибари ретко ловат на тоа подачје.

 

 

Пред да избега од цивилизацијата, Нагасаки работел во индустријата за забава.

– Не го правам она што ми го кажува општеството, но ги почитувам правилата на природниот свет. Не можете да ја победите природата, така да неа мора едноставно да ја почитувате. Тоа го научив кога дојдов тука и веројатно поради тоа вака добро се чуствувам, рекол Нагасаки.

На соседниот остров патувал користејќи пари кои му ги испраќало семејството, за да набави вода и главна храна од оризови колачиња, кои ги готвел четири или пет пати дневно.

За капење и бричење користел дождовница.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Адвокатка за разводи: Избегнувајте мажи кои работат во овие пет професии!

 

По првите недела дена од престојот на островот, облеката му ја однел тајфун.

– Да шетате голи во оптешството не е дозволено, но тука е нормално. На островот тоа е како униформа, рекол тој.

Деновите на островот ги минувал така што се истегнувал на сонцето, го чистел кампот и избегнувал каснувања од инсекти.

 

 

На островот сакал да ја дочека смртта, но тоа јапонските власти не му го дозволиле.

– Пронаоѓањето на место за умирање е важна работа, но јас одлучив дека тој остров е местото, рекол Нагасаки претходно.

Leave a Reply