Мултимилионер го напуштил луксузот и започнал живот на пуст остров (видео)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот мултимилионер својот луксузен имато го заменил со пуст остров, кој претставува негова оаза цели 20 години, пишува „Дејли Мејл“.

Одлучил да го промени својот живот од корен, откако во Сиднеј изгубил 6,2 милиони евра на падот на берзата во 1987 година.

Сака кога посетителите ќе дојдат на неговиот остров, каде дури и актерот Расел Кроу бил на вечера.

Вели дека дури и по две децении, изолацијата и осаменоста се неговите најголеми пречки. Во оваа оаза единствено друштво му прави неговото куче, Поли.

Ако работите тргнат наопаку, вашиот живот е во ризик и вие сте свесни за тоа. Дивината знае да биде сурова и тоа е тежок свет. Работите секогаш одат наопаку и вие морате со тоа да се занимавате – вели тој.

Loading...

 

Тој бил претседател на профитна компанија која трагала по злато во Папуа Нова Гвинеја. На врвот на својата кариера имал дури 25,5 милиони евра, кои ги вложил во недвижнини во Сиднеј.

По црниот вторник од 1987 година парите ги изгубил на берзата. Тогаш се нашол пред дилема, дали да го обнови своето богатсво или да ја напушти компанијата.

Сега живее од кокос и ракови, а соларната енергија му овозможува да се приклучи на интернет. Користи сајтови за тражење партнери за да си пронајде девојка.

Тука е така осамено. Мојата единствена надеж е дека сирената ќе се појави на плажата. нема тука многу луѓе со кои можам да комуницирам. Тоа веројатно и ми паѓа најтешко – додава тој.

 

И покрај се, Дејвид вели дека змиите, пајаците и крокодили се многу подобра варијанта од терористичките напади со кои е опкружен светот.