Трамп се закани со царини од 100 проценти за овие земји

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто на сите стоки од земјите кои воведуваат данок на дигиталните услуги на американските технолошки компании.

Тој истакна дека таквите мерки претставуваат дискриминација на американските технолошки гиганти, пренесува Ројтерс.

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател изјави дека неколку европски земји размислуваат за воведување данок на дигитални услуги и предупреди дека секоја земја што ќе воведе таква мерка веднаш ќе се соочи со тарифа од 100 проценти, нагласувајќи дека оваа одлука ќе има предност над сите постоечки или идни трговски договори со САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Јапонија го потресе и Токио: Десет повредени

Изјавата на Трамп уследи по неколкумесечните спорови меѓу Вашингтон и неколку европски земји околу даноците за дигитални услуги, кои најмногу се однесуваат на големите американски технолошки компании како Гугл, Мета, Епл и Амазон.

Американскиот претседател претходно овој месец и се закани на Франција со 100 отсто царини за француските вина доколку Париз не го укине данокот за дигитални услуги, но францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција нема да отстапи од таа политика под притисок на Вашингтон.