Вежбањето може да нѐ направи посреќни отколку парите

Сподели со своите пријатели

Сега е и официјално: Вежбањето може да ве направи посреќни од парите, покажаа резултатите од неколку студии за врската помеѓу среќата и вежбањето.

Loading...

Ако сте еден од оние кои не вежбаат, ви пренесуваме неколку причини да се мотивирате и да започнете со тренингот.

Поточно, истражувачите веруваат дека вежбањето може да ве направи среќни, како и зголемувањето на вашите приходи за 25.000 американски долари.

Во оваа студија, истражувачите од Јејл и Оксфорд испитале околу 1,2 милиони Американци за нивната рутина на дневно вежбање, прибирајќи податоци за нивниот приход, брачен статус и здравствената историја. Ова им помогнало да најдат директна корелација помеѓу среќата и физичката активност.

Според резултатите, лицата кои вежбале имале 43% подобра ментална состојба од оние кои не вежбале.

Истражувачите откриле дека, всушност, физичката активност ги натерала испитаниците да го проценат своето ментално здравје на сличен начин со луѓето кои заработиле 25 000 долари повеќе од нив.

Од оваа студија, тие исто така заклучиле дека премногу вежбање може да биде еднакво контрапродуктивно за вашето ментално здравје, како и воопшто да не вежбате. Значи, за да бидете среќни, не мора да вежбате нон-стоп.

Истражувачите откриле најдобри резултати кај луѓе кои биле физички активни помеѓу 30 и 60 минути пет пати неделно.

Loading...

Научниците исто така откриле дека луѓето кои вежбаат во групи или учествуваат во тимски спортови имаат и подобро ментално здравје од оние кои вежбаат сами.

Leave a Reply