Ветерот и сонцето ѝ помогнаа на ЕУ да заштеди 11 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Во Европската унија, од почетокот на војната во Украина, рекордна четвртина од вкупната електрична енергија е произведена со помош на сончева и ветерна енергија, со што се заштедени 11 милијарди евра што ЕУ инаку би ги потрошила на природен гас, покажува студијата на Ember и E3G.

Loading...

Од март до септември, 24 отсто од целата електрична енергија во ЕУ се произведувала од сончева и ветерна енергија, наведуваат две невладини организации во студијата објавена денеска.

Рекордот во производството на електрична енергија од сонцето и ветерот е постигнат во 19 земји-членки на ЕУ, меѓу кои Франција (14 отсто), Италија (20 отсто), Полска (17 отсто) и Шпанија (35 отсто).

Количината на електрична енергија произведена од овие обновливи извори е 345 терават часови и е зголемена за 39 терават часови во однос на истиот период лани.

Процентуално, учеството на обновливите извори во тој период во 2021 година изнесува 21 процент.

За производство на толкаво количество електрична енергија би биле потребни околу осум милијарди кубни метри гас, во вредност од околу 11 милијарди евра.

Во тој период ЕУ сепак потрошила, како што се проценува во студијата, 82 милијарди евра на фосилни гасови, што е одговорно за околу 20 отсто од произведената електрична енергија.

Во анализата, невладините Ember и E3G наведуваат дека програмата на Европската комисија RepowerEU (RepowerEU) има потенцијал брзо и значително да ја намали зависноста на ЕУ од скапите увезени фосилни горива и да ја зајакне нејзината енергетска безбедност и стабилност на цените.

Loading...

Студијата оценува дека членките на ЕУ треба да го поддржат тој план и да го преточат во закони што е можно поскоро.

Истовремено, се оценува дека некои претходни одлуки кои ја зголемија зависноста на ЕУ од гас и ги забавија амбициите во областа на чиста и зелена енергија сега се главниот мотор на рекордната инфлација, но дека постоечките капацитети за користење на ветерот и соларната енергија исто така придонесе инфлацијата да се задржи од уште повисока, а кризата уште подлабока.

„Со ограничен пазар на течен гас (LNG) кој ќе продолжи да ги одржува високите цени на гасот во наредните години, владите треба да ја поддржат амбицијата за чиста енергија од планот RipauerEU и да го направат клучен елемент на одговорот на цената на енергијата, изјави експертот за енергетска транзиција на невладината организација Е3Г Артур Патулеја.

Високиот аналитичар на Ембер, Крис Рослоу, нагласи дека „ветрот и сончевата енергија веќе им помагаат на европските граѓани“ и дека „идниот потенцијал е уште поголем“.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.