Ватикан го повика Иран да се воздржи од поттикнување конфликт на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, го повика Иран „со сите средства“ да се воздржи од поттикнување конфликт на Блискиот Исток и да прифати дијалог, преговори и мир.

Loading...

Во телефонски разговор со новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, Паролин ја изразил сериозната загриженост на Светата столица за она што се случува на Блискиот Исток, соопшти Ватикан, а пренесува АП.

Државниот секретар на Ватикан повтори дека е неопходно да се избегне ширење на конфликти и да се даде приоритет на дијалогот, преговорите и мирот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Франциско вечерва ја отвора Светата врата