Утревечер по девети пат ќе се одржи протест против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите која ќе започне во 18:30 часот пред Основниот суд во Куманово, во организација на граѓанското движење „Протестирам“.
Последниот марш по улиците на Куманово се одржа во петок, а сите досегашни протести се одвиваат во демократска и мирна атмосфера.