Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово утре (среда) ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци, со почеток во 05:00 часот, информираат од Општината.

Третманот ќе биде извршен на површина од 1.270 хектари, а ќе ги опфати теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Добрашане.

При прскањето ќе биде употребен препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Од Општина Куманово апелираат до пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на третманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продлжува есктремно топлото време

Доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето во предвидениот термин, третманот ќе биде одложен и ќе се спроведе првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Никола Ивановски