Утре состанок на западноафриканските земји за воена интервенција во Нигер

Сподели со своите пријатели

Началниците на генералштабовите на западноафриканските земји ќе се сретнат утре во Гана за да подготват планови за можна воена интервенција во Нигер, откако земјите-членки на регионалниот блок ЕКОВАС наредиле распоредување на воени сили во подготвеност, објави денеска Ројтерс.

Loading...

Покрај тоа, воениот совет формиран од бунтовниците во Нигер нареди војската на таа земја исто така да биде ставена во состојба на готовност, а постои можност и за мобилизирање дополнителни сили, пренесува ТАСС.

Земјите од ЕКОВАС вчера наредија активирање на резервните сили, две недели откако воените генерали го соборија претседателот на Нигер, Мохамед Базум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експертите очекуваат глобалната инфлација да остане висока до 2028 година

Ројтерс известува дека на силите на ЕКОВАС ќе им требаат неколку недели за да формираат планови и да распоредат единици, оставајќи многу време за преговори.

Брегот на Слоновата Коска е единствената земја која досега прецизираше колку војници ќе испрати, откако претседателот на државата Аласан Уатара вети баталјон од 850 војници.

Портпаролот на војската на Бенин изјави дека земјата ќе испрати војници, но не кажа колку. Министерот за одбрана на Гамбија Серинг Моду Нжие и министерот за информации на Либерија Леџерхуд Рени допрва треба да донесат одлука за испраќање војници.

Од друга страна, владите на Мали и Буркина Фасо, двете членки на ECOWAS, рекоа дека ќе ја бранат хунтата во Нигер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ле Пен: На татко ми му нанесов огромна болка, никогаш нема да си простам за тоа