Утре и задутре неколку делови на Куманово привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција утре во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од улицата „Моша Пијаде“, поточно од градинката до кружниот тек.
Задутре (среда) во период од 08:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на локалитетот Карпошова Воденица.
Во истиот период задутре прекини ќе има и кај корисниците од дел од улицата „11 Ноември“ поточно од мостот за населбата Бедиње до Кафе Мока.
Прекини од 08:00 до 14:30 задутре ќе има и кај корисниците од улицата „Трајко Јовановски Кмет“ односно локалитетот Шумски пат.
Без струја од 08:50 до 14:30 задутре ќе биде и селото Стрновац.
Никола Ивановски

