Кумановка се превртела со четирицкл, повредени и двете деца што ги возела

Сподели со своите пријатели

Две деца биле повредени, од кои едно потешко, откако 30-годишна кумановка викендов изгубила контрола над четрициклот што го возела и се превртела.

– На 25.07.2026 околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Козјачка“ и ул.„Велко Стаменковски“ во с.Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с.Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди возачот и другиот осумгодишен сопатник, сите од с.Доброшане, констатирани во Општа болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен кумановец. Возел и покрај активна забрана

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски