Денеска обилни врнежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Обилни врнежи (локално над 30 l/m²) ќе имаме денеска низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врмето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, електрични празнења како и услови за изолирана појава на град.

Во Полошкиот регион, во источните и североисточните делови ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Од вторник следува период на претежно стабилно и потопло време.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз