Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со дожд и услови за грмотевици.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 32 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 35 степени целзиусови.
И во четврток ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 36 степени целзиусови.

Петок носи уште потопло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до високи 37 степени целзиусови во текот на денот.
Сончево и многу топло време ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максумумот во текот на денот ќе достигне 36 степени целзиусови.
И во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максумот во текот на денот ќе се искачи до високи 37 степени целзиусови.

Екстремно високите температури ќе се задржат и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановси

