Странски државјани приведени со дрога и фалсификувани евра на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица, државјани на Германија и Србија викендов биле приведени на ГП Табановце откако цариниците им пронашле марихуана и фалсификувани евра.

– На  25.07.2026 во 17:58 часот на  Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото „хјундаи“б со германски национални ознаки, во кое биле сопатници, при преглед во личниот багаж на Х.Т. и кај него биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово: Штетите од невремето да се пријават најдоцна до петок

– Кај лицето А.А. биле пронајдени и одземе4ни марихуана и шест банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани, додаваат од МВР.

Лицата, како што стои во соопштението, биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски