Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во вторникот предупреди дека голем број деца во Рогот на Африка и Сахел може да умрат поради тешка неухранетост и ризик од болести кои се пренесуваат преку вода, јавува Anadolu Agency (AA ).
Loading...
Извршниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел повика на итна помош додека Етиопија, Кенија и Сомалија се борат со голема суша.
Според неа, бројот на луѓе кои се соочуваат со суша во Рогот на Африка е зголемен од 9,5 милиони на 16,2 милиони од февруари, што ги става децата и семејствата под поголем ризик од болести како колера и дијареа.
„Милиони деца се само една болест подалеку од катастрофа“, додаде Расел.