Умеров и Сирски разговараа со Остин за ситуацијата на фронтот

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров соопшти дека со неговиот американски колега Лојд Остин разговарале за ситуацијата на фронтот во војната против Русија, како и за набавката на оружје.

Loading...

„Го информиравме министерот за одбрана Остин за моменталната ситуација на фронтот и разговаравме за промените во најважните сектори. Работиме заедно за да ги обезбедиме потребите на украинските вооружени сили и да ги зголемиме капацитетите на армијата“, напиша Умеров на својот профил на платформата Телеграм.

Претходно, Остин за време на сослушувањето во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД рече дека Русија и НАТО, доколку Украина падне, би можеле да влезат во директен воен конфликт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одеса: Пет лица загинаа, 23 се ранети

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.