Трамп номинираше амбасадор во Македонија: Која е Кристи Меккормик?

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нов амбасадор во Македонија, објави Белата куќа.

Кристи Меккормик, како што објавија македонските медиуми, не е дипломат од кариера, туку адвокат и експерт за изборно право, која беше членка на Федералната комисија за изборна помош повеќе од една деценија, а во текот на својата кариера работеше и во амбасадата на САД во Ирак.

Номинацијата беше објавена на 9 ноември, а доколку Сенатот ја потврди, Кристи Меккормик ќе ја преземе функцијата амбасадор на САД во Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: САД се подготвени да продолжат со воените напади врз Иран ако е потребно