Дваесетгодишник од Општина Старо Нагоричане доби кривична пријава под сомнение дека водел вонбрачен живот со дете.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од село во општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, како што стои во соопштението, од пролетта 2026 до септември 2026 година живеел во вонбрачна заедница со 14 – годишно дете во неговиот дом.
Никола Ивановски

