Брачен пар од Куманово пријавил во полицијата дека бил измамен за сума од 14.000 евра при договор за изведување градежни работи.
– На 09.11.2026 во 12:00 часот во СВР Куманово, 51-годишен маж со неговата 49- годишна сопруга пријавиле дека биле измамени од М.К. за сума од 14.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Никола Ивановски

