Украинската војска се повлече од Соледар

Сподели со своите пријатели

Украинската војска денеска соопшти дека им го предала Соледар на Русите, две недели откако Москва објави дека го освоила градот во источна Украина.

Loading...

„По неколкумесечни тешки борби, украинските вооружени сили го напуштија градот и се повлекоа на подготвените позиции“, изјави денеска портпаролот на украинската армија за источната зона, Серхи Черевати.

Сепак, портпаролот не сакаше да каже кога точно украинската армија се повлекла од Соледар, јавува Данас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.