Украина реагираше на говорот на Путин: „Никој не го испровоцира“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба одговори на последните изјави на Владимир Путин и рече дека рускиот претседател не бил „провоциран“ да изврши ракетни напади со долг дострел врз Украина.

Loading...

– Путин ја напаѓа Украина бидејќи е очаен и користи ракетен терор за да се обиде да го промени темпото на војната во своја полза – напиша Кулеба на Твитер.

– Глупостите дека Путин е „испровоциран“ мора да престанат. Нему не му треба ништо за да го „провоцира“ да изврши грозоморни злосторства. Барам од меѓународните медиуми да престанат да ја префрлаат вината на жртвата на агресија со сугерирање дека Путин „одговара“ или дека бил „провоциран“ – напиша Кулеба.

Да потсетиме, во текот на понеделникот наутро беа забележани бројни ракетни напади врз Киев и други градови во Украина.

Според првите информации, во нападот на Киев загинале осум лица, а повеќе од 20 се повредени.

Во главниот град е причинета голема материјална штета, а германски Билд објави дека во нападот бил оштетен и визниот оддел на германскиот конзулат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.