Украина разоткри педофилска мрежа, жртвите се руски деца

Сподели со своите пријатели

Украинската полиција откри мрежа на сексуална злоупотреба на руски деца чии слики и видеа наводно биле тргувани внатре и надвор од земјата, но додаде дека не може дополнително да го истражи случајот поради воената ситуација.

Уапсен е државјанин на Украина, а идентификувани се 15 малтретирани деца, сите Руси кои моментално живеат во Русија.

Обвинителите во регионот на Киев велат дека не можат да пронајдат други жртви или да уапсат други осомничени поради прекинот на руско-украинските односи.

„Такви злосторства, за жал, има насекаде, во Украина и во Европа. Она што нè застрашува е големиот обем на овие злосторства во Русија“, рече обвинителот Олех Ткаленко, кој ја водеше истрагата, а пренесува „Гардијан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Историска пресуда“: МЕТА осудена за измама на потрошувачите, мора да плати 375 милиони долари

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.