„Најлошото сценарио во војната со Русија веќе помина“, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
„Ние сме во фаза на стабилизација на сите боишта и борбени линии со мало движење на единиците и таму направивме многу добри мерки за одвраќање“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.
Резников додаде дека верува оти Украина е на работ на нова фаза од војната и дека започнува контраофанзивна кампања „во друга насока“.
На прашањето дали стравува дека меѓународната заедница ќе почне да се уморува од војната, Резников рече дека „синдромот на замор“ може да и наштети на борбата на Украина против Русија.
„Тоа го нарекувам синдром на замор и за мене тоа е една од главните закани“, рече тој.
„Мораме да работиме за да ја затвориме таа закана, мораме да комуницираме, не бидете уморни. Затоа што е многу, многу опасно за нас“, рече тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.