Украина ги засили воените сили на границата со Белорусија

Сподели со своите пријатели

Заменик-шефот на главниот оперативен оддел на Генералштабот на Украина, Олексеј Хромов, денеска објави дека Киев ги зајакнал своите сили во северниот регион во близина на Белорусија, со цел да се спротивстави на потенцијалниот руски напад преку таа граница.

Loading...

„Во моментов, распоредувањето на ударните сили (во Белорусија) не е забележано. Но, постојат закани. Ние реагираме, веќе го зголемивме бројот на војници на северот на земјата“, рече Олексеј на редовниот прес. конференција, пренесува Ројтерс.

Белорусија е еден од главните сојузници на Русија и на почетокот на војната им дозволи на руските сили да ја користат нејзината територија за напад на Украина, потсетува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.