Украина ги советува граѓаните да го напуштат истокот и југот

Сподели со своите пријатели

Украинската влада ги советува луѓето од конфликтните зони на истокот и југот на земјата да избегаат пред почетокот на студеното време.

Loading...

„Повикувам на евакуација на Доњецк, Херсон, Запорожје и дел од регионот Харков пред почетокот на студеното време“, изјави во средата за украинската телевизија вицепремиерката Ирина Верешчук.

„Оние што можат нека си заминат постепено и планирано“, вели таа.

Таа советуваше и дека никој не треба да се враќа во тие области пред следната пролет, дури и ако се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија.

Таа рече дека досега владата само наредила присилна евакуација за регионот Доњецк. Ова во моментов се разгледува за други области или нивни делови, рече Верешук.

Украинското раководство очекува тешка зима поради руската војна. Снабдувањето со струја, вода и парно нема да функционира или ќе функционира само во ограничен обем во некои делови од државата поради оштетување на инфраструктурата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.