Од денес доцна попладне до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, кога времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м 2 ). Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени.
Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
Никола Ивановски