Угостителски објект од Куманово точел алкохол на малолетник. Поднесени кривични.

Сподели со своите пријатели

Угостителски објект во Куманово точел алкохолен пијалак на 14-годишник, поради што полицијат аподнесе неколку кривични пријави.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(74) од Куманово, како и против правно лице – угостителски објект од Куманово и Н.С.(18) од Куманово, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 21.02.2025, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, при што бил затекнат 14-годишник како консумира алкохолен пијалок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е реконструкција на повеќе улици низ Куманово (ФОТО)