УЕФА ја откажа Елитната фаза и ЕП до 19 години

Сподели со своите пријатели

Европската фудбалска асоцијација официјално соопшти дека ја откажува Елитната рунда квалификации за Европско првенство за играчи до 19 години, како и финалната фаза закажана за ноември 2020 и март 2021 година.

Loading...

Одлуката на Извршниот комитет на УЕФА значи дека македонската репрезентација до 19 години (генерација 2001) нема да учествува во Елитната рунда на натпревари и нема да добие шанса да се бори за место на Европското првенство во конкуренција на Шпанија, Белгија и Бугарија.

Причината за откажувањето на турнирите е епидемиолошката состојба во Европа и големите проблеми при патувањата на репрезентациите.

УЕФА соопшти дека е одлучено петте места резервирани за европски тимови на ова СП да се доделат на селекциите кои ги заземаат првите пет позиции во рангирањето според коефициентот од квалификациите за сезоната 2019/20. Тоа се селекциите на: Англија, Франција, Италија, Холандија и Португалија.

–  Одлуката е непосакувана за нашата репрезентација до 19 години која обезбеди место во Елитната рунда квалификации за Европско првенство. Ова не го говорам од аспект дека ние ќе станевме Европски прваци, но факт е дека селекцијата направи голем успех со обезбеденото место меѓу најдобрите репрезентации на два турнира во низа. Жал ни е што нашите млади фудбалери нема да учествуваат на турнирот, изјави Зоран Стратев, технички директор во Фудбалската федерација на Македонија.

Разочаран од ваквата одлука е и селекторот Горан Станиќ.

–  Голема штета за оваа генерација на фудбалери што не добиваме шанса за настап во Елитна фаза квалификации. Ние по втор пат обезбедуваме место во Елитна фаза и ќе беше драгоцено искуство доколку настапевме на турнирот во Шпанија. Уште повеќе што наша главна цел е да создаваме фудбалери за репрезентацијата до 21 години, па дури и најдобриот национален тим. На оваа возраст фудбалерите веќе настапуваат на професионално клупско ниво и ќе беше одлично доколку се спротивставевме на големи репрезентации од типот на Шпанија и Белгија, изјави Станиќ, селектор на репрезентацијата до 19 години.

Зоран Стерјовски

Loading...

Leave a Reply