УЕФА го одложи натпреварот меѓу Израел и Швајцарија

Сподели со своите пријатели

Европската фудбалска унија го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија, во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Loading...

Секако, причината е војната во Израел по ненадејната воена офанзива на палестинскиот исламистички Хамас.

„Со оглед на актуелните безбедносни услови во Израел, УЕФА одлучи да ги одложи сите натпревари за следните две недели во таа земја. Новите датуми ќе бидат потврдени во догледно време“, се вели во соопштението на УЕФА.

Натпреварот меѓу Израел и Швајцарија од седмото коло од групата И требаше да се одигра во четврток во Тел Авив.

Рано наутро во саботата, Хамас започна ненадејна воена офанзива против Израел од Појасот Газа, истрелувајќи илјадници ракети и испраќајќи борци на израелска територија, по што следеа израелски воздушни напади на малата територија контролирана од палестинското исламистичко движење.

Во војната меѓу Израел и Хамас за помалку од 48 часа загинале речиси 1.000 луѓе, покажуваат новите официјални податоци објавени попладнево.

Во Израел загинаа повеќе од 600 луѓе, објави на социјалните мрежи прес-службата на израелската влада, а повеќе од 2.000 се ранети.

Во Појасот Газа, палестинска територија под контрола на Хамас од 2007 година, загинаа 370 Палестинци, а околу 2.000 беа ранети, соопштија локалните власти.

Loading...