Учениците сакаат да разговараат, но има ли кој да ги слушне?

Сподели со своите пријатели

Учениците сакаат да разговараат, да се пожалат и пофалат, но нема услови, освен класниот час, вели наставничката Ангела Петковска од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“.

Loading...

Наставничката по македонски јазик и литература, вели дека немили настани како меѓуврсничко насилство постојано се случуваат, а тие не се ни свесни за тоа.

– Ова тема е актуелна постојано, само што сега толку многу нѐ вознемири сите, па имаме потреба да зборуваме. Инаку такви немили настани постојано се случуваат, ама очигледно е дека ние не сме запознаени. Затоа ние како образовно-воспитна институција решивме да направиме една дебата, да ги слушнеме учениците како размислуваат, какви искуства имаат, вели таа.

Во кумановската Гимназија на темата „Меѓуврсничко насилство, зошто?“ денеска разговараа учениците и наставниците, во потрага по решение на проблемите со насилството.

– Што е она што ги тера децата да бидат насилни кон другите, да ги вознемируваат, потценуваат, да ги исмеваат, децата се чувствуваат небезбедно, непријатно, загрозено и се појавуваат и многу психолошки проблеми кај нив кои знаат вешто да ги кријат. Тоа родителите не можат да го препознаат, не можеме и ние, затоа што имаме други обврски. Имаме само двајца во педагошко-психолошката служба, големо училиште и затоа мислиме дека е најдобро вака преку разговор, затоа што има многу теми на кои тие сакаат да разговараат, а нема услов, освен класен час, вели Петковска.

Темите за дебатите ги избираат самите ученици, појаснува Петковска, и вели дека тие сакаат да разговараат отворено и секогаш има што да кажат. Преку такви дебати, нагласува таа, наставниците учат како да се справат со проблемите на учениците, кои се и нивни проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 13 часот?

Клучно е да се разговара, потенцира Петковска, и дома и на училиште, оти образовниот процес не е само предавање лекции.

– Петминутен разговор, лично јас постојано со моите ученици разговарам, таков ми е и предметот, книжевност, секогаш поврзуваме некоја тема со нашиот секојдневен живот, но и да не ми е таков предметот, секогаш можам да го почуствувам моментот кога имаат да кажат нешто друго. Ние како педагози не треба да се ограничуваме само на она што го предаваме, тука ги воспотуваме децата, а таа воспитна компонента сите сме свесни дека многу е запоставена, Кога ќе почуствуваме дека децата имаат проблем, кога сакаат сите нешто да кажат, не морам да ја предавам лекцијата, следниот час ќе ја предадам, тие сакаат да слушнат, да се пожалат и пофалат, имаат потреба за разговор да се искажат, вели таа.

Loading...

Родителите вели таа, тешко се видуваат со своите деца и едноставно не си ги познаваат.

– Сметам дека и родителите треба многу повеќе да разговараат и да ги слушаат децата. Тие имаат своја соба, децата се во своја соба, родителите после работа во дневна или продолжуваат нешто друго да работат, тешко е да се видат во текот на денот. Навистна мислам дека немаат претстава како живеат нивните деца, што чувствуваат, како размислуваат, едноставно не си ги познаваат децата, додава Петковска.

Во спречување на ваквите појави, Петковска смета дека треба да се вклучат сите, родители, професори и институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Куманово?

– Ако одгледаме една нездрава генерација која е незадоволна, исфрустрирана, агресивна, веќе станува и опасно во какво време ќе живеат тие деца и со какви деца ние ќе градиме иднина и мислам дека треба сите да бидеме вклучени. Навистина е алармантна ситуацијата, отсекогаш имало, но ова е предупредување за сите нас, како вели народот, ако кај комшијата мечката игра оро, бргу може да дојде и кај нас, ништо не е чудно, па и мечката да заигра, заклучува таа.

Наставникот по социологија од Гимназијата „Гоце Делчев“ Зоран Петрушевски вели дека некогашното социјалистичко општество, покрај многуте маани, имало и добра страна, а тоа е контрола на однесување на младите.

– Ние долгов реме бевме едно социјалистичко општество, каде колективизмот, заедништвото, покрај сите свои маани имаше многу предности, конкретно контрола врз однесување на младите, и поширока и родителска, сето тоа си имаше свои ефекти, да ние овде во Македонија, на Балканот, немавме вакви проблеми ни блиску, вели тој.

Новото време, додава Петрушевски, носи нови предизвици, а страдаат младите, пуштени низ хаосот да се снаоѓаат сами.

– Што да прават родителите, тие се воспитувани на сосема еден начин, а сега треба на лице место да ги воспитуваат своите деца, а не знаат и тие. Има млади родители кои се целосно свесни за оваа ситуација, внимаваат, социјални мрежи, нивно одење комуницирање, супер, но има луѓе буквално избезумени што да прават на своите деца. Гледаат еден хаос околу нив, хаос во нивните животи од икс причини, нивните деца им се буквално товар, не знаат да се справат со таа работа. Сето тоа прави еден огромен проблем овде кај нас, сите сме свесни, го гледаме, насилството е насекаде околу нас, кај нашите комшии се случи екстремен случај, вели Петрушевски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка физички нападната од поранешниот партнер

Тој смета дека ударот треба да биде врз родителите, тие да бидат образувани и воспитувани, оти имаат голем проблем, кој кај децата е видлив, но не и кај родителите.

– Ѓаволот дошол по свое, ќе мора да се снаоѓаме да ја спуштиме топката. Системски и несистемски вака како луѓе мора степенот на заендиштвото да го зголемиме, не смееме како што е во Америка, себично до крај, така Америка може да опстане, или некоја западна земја, ние со апсолутна себичност немаме ниакква шанса да осптанеме, мора да работиме на заедништвото, додава настанивкот.

И тој, како и Петковска, вели дека воспитната улога на училиштата е запоставена и тоа носи негативни резултати.

– Комплетна реформа, промена и во однос на родителите и училиштата, во однос на државата која гледаме многу е толерантна кон некои насилства на некои луѓе и сето тоа ја разводни атмосферата во која живееме и децата се наша најголема жртва. Мора да престанеме, апелира тој.

Кумановската Гимназија редовно организира трибини на кои се разговара на разни актуелни теми кои го таргетираат животот на средношколците. Темите ги избираат самите ученици кои ги споделуваат проблемите меѓусебно, но и со наставниците.

Никола Ивановски