Дваесет и едногодишник од Куманово вчера бил приведен на автопатот кон Скопје со фалсификувана хрватска возачка дозвола.
– На 30.06.2026 во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на патничко возило “опел” со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Против возачот К.А.(21) од Куманово, како што потенцираат од МВР, се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 378 од Кривичниот законик.
– Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски

