СИБРИГ го реновираше детското игралиште кај Спортската сала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со донација на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) чие седиште во изминатите шест години е во касарната „Боро Менков“ во Куманово, беше реновирано детското игралиште кај Спортската сала.

 

 

Ова, како што истакна бригадниот генерал Билбил Битри, командат на СИБРИГ, е мал знак на благдарност кон заедницата која им овозможила пријатен престој во изминатите шест години.

– Ова е нашиот последен гест на благодарност, со кој сакаме да ја изразиме признание за гостопримството и поддршката што ја добивме од заедницата во Куманово, но и од целата држава Северна Македонија во изминатите шест години. Воедно, сакаме да ја покажеме и дарежливоста на шесте земји-членки и нивната подготвеност да придонесуваат за локалните заедници, рече бригадниот генерал Битри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапува услугата за изнесувањето смет во Куманово

 

 

Како што истакна, изминатите шест години имале одлична соработка и со општината, но и со македонската армија која исто така е дел од оваа меѓународна бригада.

– Што се однесува до соработката со Армијата на Северна Македонија, таа беше одлична. Немаше да можеме да ја исполниме нашата мисија на начинот на кој ја реализиравме без секојдневната поддршка од припадниците на Армијата на Северна Македонија – мажите и жените во униформа, кои ни помагаа во секојдневните активности, но и при организацијата на големите настани што ги имавме во текот на овие години, додаде Битри.

 

 

Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска во знак на благодарност им подари плакета, и истакна дека граѓаните на Куманово покажале гостопримство во изминатите шест години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола

– Општина куманово е позната по своето гостопримство па така како што кажа и претставникот на СИБРИГ задоволни се од гостопримството коешто им е пружано, а ние пак сме задоволни од заемната соработка во овие изминати шест години. Многу донации направија за општеството, за Куманово посебно и ова денеска е знакот на благодарност за пред нивното заминување се надевам како што и кажа самиот претставник на СИБРИГ дека со нив ќе понесат убави спомени од Куманово и им посакувам понатамошни успеси во нивните професионални кариери и во животот, изјави Сларидис Јаневска.

 

 

SEEBRIG– Бригада на Југоисточна Европа е мултинационална мировна бригада формирана од земјите од Југоисточна Европа со цел да ја зајакне регионалната воена соработка, довербата и придонесот кон меѓународниот мир. Основана е во 1999 година, а во неа членуваат Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Во Куманово се реализираат над 27 проекти. Општините работат како никогаш досега (ВИДЕО)

 

 

На секои шест години Бригадата се сели во една од земјите членки, а од 2020 година војниците се сместени во кумановската касарна, која наскоро ќе ја напуштат.

 

Никола Ивановски